Трајановски и Георгиев одлични: Вардар и Пролет ремизираа во градското пионерско дерби

162

Денеска стартуваше 7. коло од пионерската машка лига, а големо внимание привлече градското дерби меѓу Вардар и Пролет.

Натпреварот понуди голема борба и драматична завршница, а голманите Алекс Трајановски (Вардар) и Илин Георгиев (Пролет) беа „главните виновници“ за конечниот исход.

Дуелот заврши без победник, 20:20, откако членот на Вардар, Ѓорѓија Амбраков, на триесетина секунди пред крајот од седмерец го постигна својот петти гол и им донесе вреден бод на „црвено-црните“.

Во последните дваесетина секунди, Пролет не успеа да изгради квалитетен напад. Времето истече, а Мартин Стојановски се обиде да погоди преку живиот ѕид, но неговиот удар заврши во рацете на одличниот Алекс Трајановски.

Вардар во досегашниот тек од сезоната има четири победи, два порази и едно реми, односно десет бода, што моментно е доволно за четвртата позиција на табелата. Од друга страна, Пролет на своето конто има три бода и е далеку од пласман меѓу ТОП 4 екипите во групата А.

Пионерска машка лига, 7. коло, резултати:

Група А
Динг – Бутел 24:9 (16:2)
Вардар – Пролет 20:20 (11:13)
01/11, 17:00, Струга – Охрид
02/11, 14:00, Еурофарм Пелистер – Прилеп
Мулти Есенс – слоб.

Група Б
Алкалоид – Радовиш 34:13 (16:4)
Тиквеш – Шампион 27:4 (17:2)
Еурофарм Пелистер 2 – Гемиџии 25:11 (14:6)
02/11, 14:00, Младост – Куманово
Македонија Ѓорче Петров – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT