Драма во Богданци: Митев му донесе бод на Младост прoтив Куманово

315

Во натпревар од 7. коло од пионерската машка лига, уште еден дуел заврши без победник.

Во Богданци, домаќинот Младост со голот на Матеј Митев освои бод против Куманово, откако по 40 минути голема борба на теренот во спортската сала „Млаз“, натпреварот заврши 20:20 (10:10). Иако домашниот тим имаше големи проблеми со повредени играчи, сепак, се избори за бод на денешниот натпревар.

Кумановци можеа да си заминат со цел плен, но згрешија во последниот напад. Останаа уште пет секунди, во кои немаше доволно време домаќините да организираат добра акција, па нерешениот исход е најреален.

Покрај деветте погодоци на Матеј Митев, одлична партија имаше и Антонио Каракабаков, кој постигна осум погодоци. Најдобар поединец во редовите на Куманово беше Михаел Милановски со осум реализации.

Пионерска машка лига, 7. коло, резултати:

Група А
Динг – Бутел 24:9 (16:2)
Вардар – Пролет 20:20 (11:13)
Струга – Охрид 13:19 (6:11)
Еурофарм Пелистер – Прилеп 22:20 (12:13)
Мулти Есенс – слоб.

Група Б
Алкалоид – Радовиш 34:13 (16:4)
Тиквеш – Шампион 27:4 (17:2)
Еурофарм Пелистер 2 – Гемиџии 25:11 (14:6)
Младост – Куманово 20:20 (10:10)
Македонија Ѓорче Петров – слоб.

ТАБЕЛА

 

Трајановски и Георгиев одлични: Вардар и Пролет ремизираа во градското пионерско дерби

 

 

Пионерите на Тиквеш без милост за Шампион

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT