Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција немаа никакви проблеми против Шампион, триумфираа убедливо со 39:20 (19:7).
Најефикасен во победничкиот табор беше Мартин Бучуковски со седум погодоци, по четири имаа Стефан Нацев, Марко Станојоски, Владо Ристески и Александар Грујевски.
Во тимот на Шампион, 12-те погодоци на Давид Јовчевски не беа доволни за да се избегне високиот пораз.
За Македонија Ѓорче Петров ова беше трет сезонски триумф, а во следното коло, против Аеродром, ќе атакува на четврта победа.
Прва машка лига, 8. коло, резултати:
Кичево – Текстилец 16:49 (8:23)
Партизан – Преспа 33:29 (16:14)
Овче Поле – Драчево Јуниор 19:22 (9:13)
Македонија Ѓорче Петров – Шампион 39:20 (19:7)
03/11, 20:00, Младост – Јехона
04/11, 18:30, Вардар Неготино – Аеродром
Мулти Есенс – слоб.