Деветка за Димоска, Ѓорче Петров 2 останува на максимум во младинската лига

229

ЖРК Ѓорче Петров 2 продолжува без пораз во младинската лига, откако во натпревар од 5. коло славеше убедливо против новиот клуб Гевгелија Југ со 32:16 (16:9).

Предводничка во победата на домаќинот беше Марија Димоска, која имаше девет погодоци (сите од игра), пет постигна Бојана Божиновска, а по четири пати погодија Стефанија Тодева и Антонела Ѓероска.

Кај гостинките, Билјана Кадиева беше најефикасна со пет погодоци, додека Илина Мицева заврши со четири успешни реализации во мрежата на домаќинот.

За Ѓорче Петров  ова беше четврти сезонски триумф и засега останува на максимум, односно е единствениот тим без загубен бод.

Женска младинска лига, 5. коло, резултати:
Ѓорче Петров 2 – Гевгелија Југ 32:16 (16:9)
03/11, 19:30, Куманово – Пелистер
Атлетик – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT