Младост останува на 100%, Јехона беше немоќна во Богданци

97

Амбициозниот прволигаш Младост Богданци останува на 100% учинок во досегашниот тек од натпреварувачката сезона, откако пред домашната публика славеше над Јехона со 45:28 стигнувајќи до седми триумф во прволигашката конкуренција.

Гостите од Гостивар беа рамноправни до 20-та минута, потоа домаќините од минута во минута ја зголемуваа предноста за плус осум на полувреме, 21:13, па јасно беше дека гостите ќе имаат тешка задача во вториот дел.

Најефикасен во победничкиот табор беше искусниот Лазар Адамовиќ со десет погодоци, два помалку имаше Душан Каркалашев, а шест постигна младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов.

Адис Салиу со девет реализации беше најрасположен за игра во гостинскиот табор.

Прва машка лига, 8. коло, резултати:
Кичево – Текстилец 16:49 (8:23)
Партизан – Преспа 33:29 (16:14)
Овче Поле – Драчево Јуниор 19:22 (9:13)
Македонија Ѓорче Петров – Шампион 39:20 (19:7)
Младост – Јехона 45:28 (21:13)
04/11, 18:30, Вардар Неготино – Аеродром
Мулти Есенс – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT