Без изненадување кај пионерките – шампионот фуриозно против Спартак, Исмаили им даде 11 гола на охриѓанки

55

Овој викенд беше комплетирано 7. коло во пионерската женска лига, а моментално лидер на табелата е Металург Автокоманда со 14 бода, додека актуелниот шампион Ѓорче Петров заедно со Астибо имаат по 12 бода.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров го совлада Спартак со 35:10 за 6-ти сезонски триумф. Во таборот на Царчев и Јовановска, расположена за игра беше Ивана Глогуновска со осум погодоци, по шест имаа Јана Мијовска, Теа Петрушевска и Клара Филимановски, пет пати погоди Нела Трповска, а четири погодоци запиша Деспина Станковска. Кај Спартак прв стрелец беше Ивана Ракиќ со четири погодоци.

Чаир на домашен терен славеше над Охрид со 21:13 (10:6), а шутерски расположена во домашниот табор беше Ерина Исмаили, која постигна 11 погодоци (сите од игра). Деветте погодоци на Ања Симоноска кај Охрид беа премалку за да се избегне високиот пораз.

Вардарки славеа против Илинден Вардар со шест гола разлика, 18:12. Мила Милошевска и Стефанија Петроска беа најефикасни во вардаровиот табор со по пет погодоци, а кај Илинден Вардар се истакнаа Андреа Велковска и Јована Костова со по четири реализации.

Струга на гостувањето кај Кале Кичево триумфираше со 19:12 за четвртата сезонска победа. Пет погодоци кај Струга постигна Елена Ѓонеска, додека во домашниот тим се истакна Марија Симјаноска со четири погодоци.

На победа се радуваше и Металург Автокоманда, триумфираше над Јехона со 30:10. Во победничкиот тим имаше расположливи сили – Ана Стојанова, Деана Величковска и Евгенија Смиљковска постигнаа по пет погодоци, а четири имаше Лана Атланова. Кај Јехона, Монера Муслију постигна шест.

Астибо на домашен терен немаше проблем против Шампион и победи  со 21:7. Во победничкиот табор се истакнаа Анастасија Гичева и Мелани Неделкова со по пет погодоци, додека Ана Марија Накова и Сандра Донева постигнаа по четири.

Пионерска женска лига, 7. коло, резултати:
Чаир – Охрид 21:13 (10:6)
Илинден Вардар – Вардар 12:18 (5:9)
Кале Кичево – Струга 12:19 (5:13)
Спартак – Ѓорче Петров 10:35 (5:17)
Металург Автокоманда – Јехона 30:10 (18:5)
Астибо – Шампион 21:7 (9:4)

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT