Овој викенд ќе стартуваат натпреварите од 4. коло од Супер лигата, а најголемо внимание ќе привлече дерби дуелот меѓу вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер. Актуелниот шампион има три стартни победи, додека „црвено-црните“ имаат две победи и еден пораз, оној од Алкалоид во првото коло од суперлигашката конкуренција.
Претходно, пред дерби дуелот, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат уште еден предизвик, а тоа е натпреварот против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите. Избраниците на Бранко Ангеловски на 26 септември ќе бидат гости во романската престолнина и ќе се обидат да ги освојат првите бодови во елитното натпреварување.
Натпреварот меѓу актуелниот шампион и вицепрвакот ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот.