Актуелниот шампион кај младинците, тимот на Мулти Есенс, продолжува со максимален ефект, откако на гостувањето во Кавадарци славеше убедливо против Тиквеш со 45:33 во заостанатиот натпревар од 6. коло.
По нерешените 5:5, следуваше серија од 4:0 на гостите за водство од 9:5, по што домаќинот не успеа да држи чекор. На полувреме резултатот беше 23:14 во корист на Мулти Есенс и вториот дел гостите продолжија со одличната игра.
Најефикасен во победничката екипа беше Дарјан Ѓокески со осум погодоци, шест постигна Стефан Ѓоргиевски, а по четири погодоци имаа Марин Крстевски и Христијан Гурмешевиќ. Кај Тиквеш, 11-те погодоци на Мики Лазов не беа доволни за да се избегне висикиот пораз.
Мулти Есенс заедно со Еурофарм Пелистер 2 се единствените екипи без загубен бод во досегашниот тек од сезоната, двете имаат по 12 бода, Алкалоид е третопласиран со 10, додека Бутел, Куманово и Еурофарм Пелистер имаат по 6 бода.