ТОП стрелци во Првата лига: Сентовска на врвот, следуваат Наумовска, Димоска, Вучевска и Босилковска

309

Викендов на програмата се натпреварите од 8. коло во Првата лига во женска конкуренција, а по седум одиграни кола, членката на Овче Поле Славјански Универзитет, Анастасија Сентовска, е на врвот на листата на стрелци со 49 погодоци.

Зад неа следуваат двете ракометарки од вториот тим на Ѓорче Петров – Кристина Наумовска со 42 и Марија Димоска со 39 погодоци.

На четвртата позиција се наоѓа Елена Вучевска од Овче Поле Славјаснки Универзитет со 38 погодоци, а битолчанката Моника Босилковска од новиот клуб Атлетик досега 37 пати била прецизна во мрежата на противниците.

Маја Раткушиноска (Стружанка), Алтина Хасани (Јехона) и Мери Гичева (Деспина) се трите ракометарки кои имаат по 33 погодоци, додека Анастасија Јовановска (Деспина) е последната ракометарка која има постигнато повеќе од 30 погодоци  – вкупно 31.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT