Репрезентацијата на Србија ќе биде еден од учесниците на Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во две земји – Германија и Холандија.
Новиот селектор на Србија, Хозе Игнасио Прадес, го објави составот за Мундијалот, а меѓу избраните ракометарки се најдоа и две добро познати имиња на македонската ракометна јавност.
Станува збор за поранешната членка на Вардар, Драгана Цвијиќ, и за Катарина Крпеж Шлезак, која дел од својата кариера ја мина во редовите на Металург.
Двете ракометарки, заедно со Андреа Лекиќ и Катарина Томашевиќ, направија камбек во репрезентацијата во март оваа година и беа меѓу најзаслужните за обезбедениот пласман на Мундијалот.
Од поискусните во составот на северниот сосед тука се и Сања Радосављевиќ, Јована Рисовиќ, Јована Јововиќ, Анѓела Јањушевиќ и Дуња Табак.
Србија на Мундијалот во групната фаза ќе игра против репрезентациите на Уругвај, Исланд и домаќинот Германија. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза, односно во Топ 16.
