Изминатиот викенд заврши првиот дел од сезоната во младинската лига во женска конкуренција, а најдобар стрелец на полусезона е членката на Ѓорче Петров 2, Марија Димоска, која на четири натпревари постигна 34 погодоци.
Зад Димоска, односно на втората позиција е средниот бек Ангела Шехтанска од Куманово. Шехтанска на четири натпревари постигна 30 погодоци, додека на третата позиција е Анастасија Тодоровска од Пелистер со гол помалку – 29.
Ева Ѓорѓиевска од Куманово е четврти стрелец со 24 погодоци, а по нејзе две ракометарки имаат по 23 погодоци. Станува збор за Андреа Конеска од Атлетик и Меланија Јовановска од Куманово.
Михаела Кралева и Анастасија Дамјановска, двете членки на новиот клуб Атлетик, се последните ракометарки кои ја надминаа границата од 20 погодоци – првата има 22, а втората 21 гол на четири натпревари.

ТАБЕЛА

Борбата за титулата кај младинките продолжува напролет.