Бразилски репрезентативец пред потпис со Вардар

116

Бразилецот Жоао Педро Франциско да Силва би можел по крајот на првиот дел од сезоната да го засили македонскиот вицепрвак Вардар, пренесува Gol.mk.

Франциско од минатата сезона настапува во српскиот шампионат, поточно во редовите на Војводина. Познат е по тоа што може да одговори на сите бековски позиции, додека неговата природна позиција е среден бек.

За сениорската репрезентација на Бразил дебитираше на Светското првенство во 2015 година во Катар. Од почетокот на оваа сезона не е во составот на тренерот Владан Матиќ поради повреда.

Во својата богата кариера настапувал за неколку европски клубови – ЧСМ Букурешт, Динамо Букурешт и Стеауа од Романија, потоа Бенфика од Португалија, француски Шамбери, како и за шпанските екипи Адемар Леон, Пунете Хенил и вториот тим на Барселона.

Минатата сезона остави одличен впечаток, особено на натпреварите од Лигата на Европа, па доколку потпише за Вардар, нема сомнеж дека „црвено-црните“ ќе добијат големо засилување за вториот дел од сезоната.

Пред извесен период, од македонскиот вицепрвак си замина Филип Талески.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT