Со натпреварот меѓу Јехона и Мулти Есенс започна 9. коло во прволигашката конкуренција.
Мулти Есенс, еден од тимовите за висок пласман, немаше проблеми во Гостивар, триумфираше со 44:24 (23:12) и стигна до седма победа сезонава.
Во победничкиот табор најефикасен беше Јован Петрески со седум погодоци, додека по шест постигнаа Немања Џигероски, Бобан Поповски и Дарјан Ѓокески, а пет додаде Марко Ковачевиќ.
Кај Јехона, Адис Салиу и Стефан Маринкоски беа најефикасни со по шест погодоци.