Димитар Трајковски броеше до 14, пионерите на Македонија Ѓорче Петров се радуваа на четврта победа

152

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров со победата над Младост од 31:29 им се вратија на победите во пионерската конкуренција.

Младите „лавови“ со освоените два бода ги одржуваат шансите за пласман меѓу најдобрите четири екипи во групата Б.

Иако домаќините имаа предност од 15:10 на полувреме, гостите се вратија во вториот дел. При резултат 27:27, Македонија Ѓорче Петров со погодоците на Нино Ристовски и Димитар Трајковски се одлепи на 29:27 и до крајот ја задржа предноста.

Димитар Трајковски беше предводник во победата на домаќините со 14 погодоци (сите од игра), пет имаше Јаков Атанасовски, а по четири додадоа Владимир Иванов и Нино Ристовски.

Кај гостите од Богданци, 10-те погодоци на Матеј Митев не беа доволни за барем бод на денешниот натпревар. Лука Лукиќ, Даниел Милановски и Антонио Каракабаков имаа шест успешни реализации.

Пионерска машка лига, 8. коло, резултати:
Група А
Мулти Есенс – Бутел 33:13 (17:8)
Пролет – Еурофарм Пелистер – во тек
Охрид – Вардар 23:16 (11:5)
09/11, 17:00, Прилеп – Динг
Струга – слоб.

Група Б
Гемиџии – Шампион 36:9 (17:3)
Македонија Ѓорче Петров – Младост 31:29 (15:10)
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 18:10 (8:4)
08/11, 16:00, Куманово – Тиквеш
Радовиш – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT