Пионерите на Куманово на свој терен славеа против своите врсници од Тиквеш со 23:15 и со освоените два бода ја продолжуваат трката за пласман во четвртфинале.
Избраниците на Христијан Димковски и Давид Стојковски победата практично ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 12:3.
Најрасположен во победничкиот тим беше Михаил Стојановски со седум погодоци, додека кај поразениот Тиквеш, Марио Ѓорѓоев постигна шест.
Во следното коло, Куманово ќе гостува кај Шампион, тим кој се наоѓа на дното на табелата во групата Б. Тиквеш за следен ривал ја има Македонија Ѓорче Петров.
Пионерска машка лига, 8. коло, резултати:
Група А
Мулти Есенс – Бутел 33:13 (17:8)
Пролет – Еурофарм Пелистер – во тек
Охрид – Вардар 23:16 (11:5)
09/11, 17:00, Прилеп – Динг
Струга – слоб.
Група Б
Гемиџии – Шампион 36:9 (17:3)
Македонија Ѓорче Петров – Младост 31:29 (15:10)
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 18:10 (8:4)
Куманово – Тиквеш 23:15 (12:3)
Радовиш – слоб.
ТАБЕЛА
