Кадетскиот тим на Илинден Вардар во натпревар од 7. коло од кадетската лига славеше убедлива победа над Овче Поле со десет гола разлика, 27:17 (15:9).
Во претходното коло, избраниците на Дарко Јанев беа фуриозни против Радовиш со 38:18 и со новите два бода продолжуваат кон посакуваната цел – пласман во ТОП 4 во својата група.
Илинден Вардар во досегашниот тек од сезоната има четири победи, а Радовиш останува на дното без освоен бод.
На денешниот натпревар, повторно ефикасен беше Никола Павловски со девет погодоци, пет постига Петре Петровски, а четири додаде Леон Николов.
Кај Овче Поле се истакна Стефан Паневски со седум погодоци.
Кадетска машка лига, 7. коло, резултати:
Група А
Текстилец – Радовиш 36:25 (18:12)
Илинден Вардар – Овче Поле 27:17 (15:9)
09/11, 15:00, Вардар – Еурофарм Пелистер 2
10/11, 17:00, Младост – Мулти Есенс
Група Б
Прилеп – Пролет 27:46 (13:20)
09/11, 12:30, Струга – Еурофарм Пелистер
09/11, 13:00, Алкалоид – Преспа
09/11, 16:00, Македонија Ѓорче Петров – Охрид