Младост во Штип ќе брка осма сезонска победа

7

Денеска ќе се комплетира 9. коло во Првата машка лига, а лидерот на табелата, Младост од Богданци, кој досега нема загубено бод, ќе гостува во Штип.

Избраниците на Горан Андоновски за противник ќе го имаат Текстилец, тим кој добро котира на табелата и досега забележа пет победи, меѓу кои и онаа против Вардар Неготино.

Ракометарите на Младост со евентуална нова победа ќе стигнат до осмиот сезонски триумф.

Натпреварот меѓу Текстилец и Младост започнува во 14:00 часот, а можете да го проследите на линкот во продолжение…

Прва машка лига, 9. коло, резултати:
Јехона – Мулти Есенс 24:44 (12:23)
Драчево Јуниор – Кичево 52:21 (25:10)
Преспа – Вардар Неготино 19:25 (10:15)
09/11, 14:00, Текстилец – Младост
09/11, 16:30, Шампион – Овче Поле
09/11, 16:30, Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Партизан – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT