Младост без пардон во Штип: Осма победа по ред за лидерот од Богданци!

111

Ракометарите на Младост на гостувањето во Штип ја продолжија победничката серија, откако против Текстилец славеа убедливо со 35:22.

За клубот од Богданци ова беше осми сезонски триумф и засега е единственот тим без загубен бод во досегашниот тек од сезоната.

Домаќините парираа дваесетина минути, но потоа се разиграа гостите кои на полувреме заминаа со предност од 19:14, а во вториот дел одиграа уште подобро

Најдобар поединец во редовите на победничката екипа беше Даниел Андоновски, кој запиша 11 погодоци, додека осум додаде интернационалецот Жоао Габриел Диас.

Кај Текстилец, Филип Џинес беше најефикасен со седум погодоци, шест имаше Јован Атанасовски.

Прва машка лига, 9. коло, резултати:
Јехона – Мулти Есенс 24:44 (12:23)
Драчево Јуниор – Кичево 52:21 (25:10)
Преспа – Вардар Неготино 19:25 (10:15)
Текстилец – Младост 22:35 (14:19)
09/11, 16:30, Шампион – Овче Поле
09/11, 16:30, Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Партизан – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT