Триото Јованоска, Христоска и Конеска во главна улога – Деспина со втора победа во кадетската лига

85

Кадетките на Деспина во рамки од 5. коло од кадетската лига пред својата публика славеа против новиот клуб, Гевгелија Југ, со 26:21 (16:12) и се израдуваа на втората сезонска победа.

Во победничката екипа Анастасија Јованоска и Матеа Христоски постигнаа по девет погодоци, а шест додаде Ивана Конеска.

Кај гостинскиот табор се истакна Симона Динева со осум погодоци.

Кадетска женска лига, 5. коло, резултати:
Деспина – Гевгелија Југ 26:21 (16:12)
Стружанка – Металург Автокоманда 20:31 (8:13)
09/11, 17:00, Овче Поле Славјански Универзитет – Вардар  

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT