Ракометарите на Преспа на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид славеа со 31:28 во натпревар од 7. коло од пионерската лига.
За Преспа ова беше втора победа и со денешните освоени два бода ги задржа шансите за едно од местата кои што водат во четвртфинале.
Нерешено беше само во воведниот дел, потоа гостите од Ресен започнаа да создаваат солидна залиха. На полувреме резултатот беше 19:13 во корист за Преспа, додека во вториот дел домаќинот не можеше да направи нешто повеќе.
Христијан Антоновски беше најефикасен во победничката екипа со седум погодоци, шест постигна Наум Бумбаровски, а свој придонес во победата имаа и Виктор Ѓорѓиевски (5), Благоја Јончевски и Ѓорѓи Николовски (4), Александар Волкановски (3) и Драган Ивановски (2).
Во домашниот табор најефикасен беше Максим Гарбески со девет погодоци, додека Михаил Арсиќ имаше шест успешни реализации во мрежата на гостите.
Наредниот викенд со натпреварите од 8. коло ќе заврши првиот дел од сезоната, а ќе се продолжи во 2026, односно на 21/22 февруари.
Кадетска машка лига, 7. коло, резултати:
Група А
Текстилец – Радовиш 36:25 (18:12)
Илинден Вардар – Овче Поле 27:17 (15:9)
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 39:25 (19:15)
10/11, 17:00, Младост – Мулти Есенс
Група Б
Прилеп – Пролет 27:46 (13:20)
Струга – Еурофарм Пелистер 19:34 (16:16)
Алкалоид – Преспа 28:31 (13:19)
09/11, 16:00, Македонија Ѓорче Петров – Охрид