Велјановски и Мечкароски ефикасни, кадетскиот тим на Вардар убедлив против Еурофарм Пелистер 2

255

Кадетскиот тим на Вардар во натпревар од 7. коло од кадетската лига славеше убедливо над Еурофарм Пелистер 2 со 39:25.

Избраниците на Даниела и Ристе Тасески до убедливиот триумф стигнаа со одлична игра во вториот дел, откако на полувреме имаа предност од четири гола, 19:15.

Одлични во редовите на „црвено-црните“ беа Борјан Велјановски со десет и Давор Мечкароски со осум погодоци, а свој придонес дадоа и Тео Радуловиќ и Антонио Трајановски со по пет гола.

Кај Еурофарм Пелистер 2, 11-те погодоци на Андреј Дамчевски беа недоволни за битолчани да избегнат висок пораз.

Наредниот викенд со натпреварите од 8. коло ќе заврши првиот дел од сезоната, а ќе се продолжи во 2026, односно на 21/22 февруари.

Кадетска машка лига, 7. коло, резултати:

Група А
Текстилец – Радовиш 36:25 (18:12)
Илинден Вардар – Овче Поле 27:17 (15:9)
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 39:25 (19:15)
10/11, 17:00, Младост – Мулти Есенс

Група Б
Прилеп – Пролет 27:46 (13:20)
Струга – Еурофарм Пелистер 19:34 (16:16)
Алкалоид – Преспа 28:31 (13:19)
Македонија Ѓорче Петров – Охрид 29:31 (15:17)

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT