Митоска и Илиоска искомбинираа 24 интервенции, Стружанка не виде мака со Јехона

143

Ракометарките на Стружанка во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција славеа над Јехона со 25:11 (12:8).

Гостинките од Гостивар беа рамноправни во првите петнаесетина минути, по што домаќинките ја подобрија реализацијата и на полувреме заминаа со плус четири (12:8).

Стружанка целосно доминираше во вториот дел, во кој Јехона постигна само три погодоци, а домаќинките се изнаиграа и запишаа дури 13.

Домаќинот имаше расположени голманки, па така Марина Митоска за 45 минути запиша 16 интервенции, Сара Илиоска за 15 минути запре осум удари, а Марија Дуноска им одбрани седмерец на гостинките.

Најефикасна во победничкиот табор беше Марија Маркоска со шест погодоци, додека по пет пати погодија Еџе Сејадин, Вања Маџоска и Тијана Переска. Кај гостинките, Алтина Хасани беше прво име со четири погодоци.

Засега, Стружанка е на 5. позиција на табелата со шест бодови, а Јехона останува со само два бода – оние кои беа освоени против Шампион.

Прва лига, жени, 8. коло, резултати:
Стружанка – Јехона 25:11 (12:8)
Деспина – Шампион 38:7 (19:4)
Ѓорче Петров – Овче Поле Славјански Универзитет 19:18 (11:9)
Атлетик – слоб.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT