Младинската екипа на Алкалоид во натпревар од 7. коло од младинската лига одигра како на тренинг против Вардар Неготино триумфирајќи со 66:21 (31:10).
Гостите од Неготино кренаа раце уште во првиот дел, па така домаќините целосно издоминираа и со двата бода се позиционираа на 3. позиција на табелата, веднаш зад Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 кои се на максимум.
Во победничката екипа Максим Гарбески беше најефикасен со десет погодоци, по осум имаа Тодор Аксентиев и Андреј Ѓорѓиески, а седум пати погодија Виктор Саров и Виктор Панчевски.
Кај Вардар Неготино се истакнаа Јован Јовановски со шест погодоци и Петар Велков со пет реализации.
Младинска машка лига, 7. коло, резултати:
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 26:28 (13:12)
Бутел – Куманово 32:29 (17:12)
Пролет – Тиквеш 38:29 (17:13)
Мулти Есенс – Вардар 36:23 (17:11)
Алкалоид – Вардар Неготино 66:21 (31:10)