Денеска ќе се одигра вториот натпревар (Вардар – Струга) од 12. коло од Супер лигата, додека утре ќе се одиграат преостанатите четири натпревари.
Особено интересно се очекува да биде во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе го пречека незгодниот Пролет, кој ја доби првата сезонска пресметка со кавадарчани со 22:19.
Избраниците на Кристијан Грчевски се во одлична форма и се наоѓаат во серија од четири победи, а против скопскиот тим ќе атакуваат на седмата сезонска победа.
Победа за Тиквеш ќе значи голем исчекор кон посакуваната цел – плеј-оф, па така кавадаречкиот тим со евентуална победа ќе стигне до 14 бода и ќе заостанува само четири бода зад четвртопласираниот Алкалоид.
Пролет иако е на 8. позиција, сепак, и понатаму останува во игра за едно од местата кои што водат во плеј-оф фазата.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Пролет ќе се одигра утре во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 19:45 часот.
Супер машка лига, 12. коло:
Охрид – Алкалоид 28:24 (17:11)
14/11, 16:30, Вардар – Струга
15/11, 15:30, Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп
15/11, 16:00, Радовиш – Куманово
15/11, 18:00, Еурофарм Пелистер – Бутел
15/11, 19:45, Тиквеш – Пролет
ТАБЕЛА
