Пионерите на Прилеп на гостувањето кај Бутел Скопје славеа со 30:20 во натпревар од 9. коло од пионерската лига.
Предводник во победата на гостинскиот тим беше Бојан Наскоски, кој уште еднаш потврди дека е голема надеж на прилепскиот ракомет.
Наскоски зад своето име запиша 11 погодоци, сите од игра, додека кај домаќините најефикасен беше Филип Милошевски со осум реализации.
За Прилеп ова беше трета сезонска победа и со новиот триумф дојде до шест бода на свое конто, додека Бутел и понатаму останува без освоен бод во текот на сезоната.
Натпреварите од пионерската лига ќе продолжат следната година, односно кон крајот на месец февруари.
Пионерска машка лига, 9. коло, резултати:
Група А
Бутел – Прилеп 20:30 (8:11)
Динг – Пролет 20:11(5:1)
16/11,12:30, Струга – Мулти Есенс
19/11, 17:30, Еурофарм Пелистер – Охрид
Вардар – слоб.
Група Б
Алкалоид – Гемиџии 28:19 (14:6)
Младост – Радовиш 26:12 (15:4)
Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров 26:21 (16:11)
Шампион – Куманово 4:37 (3:18)
Еурофарм Пелистер 2 – слоб.