Сентовска броеше до 15, Овче Поле Славјански Универзитет им се врати на победите

142

Овче Поле Славјански Универзитет им се врати на победите во Првата лига, откако пред својата публика триумфираше над Стружанка со 32:18 во натпревар од 9. коло и се израдува на петтата сезонска победа.

Избраничките на Илија Бетувски на полувреме заминаа со предност од плус шест, 13:7, во вториот дел Стружанка имаше повремени блесоци, намали на 16:13, но домаќинот во последниот дел ги казни речиси сите грешки на гостинките и дојде до убедлива победа.

Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Сентовска, која зад своето име запиша дури 15 погодоци. Голманката на домаќините Дона Маркоска имаше околу 18 интервенции. Јана Петреска и Вања Маџовска беа најефикасни во Стружанка, двете ракометарки постигнаа по четири погодоци.

Тимот од Свети Николе во следното, 10. коло ќе гостува во Скопје кај Шампион, додека Стружанка е слободна.

Прва женска лига, 9. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Стружанка 32:18 (13:7)
Атлетик – Деспина 29:16 (13:5)
16/11, 13:30, Јехона – Шампион
Ѓорче Петров 2 – слоб.   

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT