Клењоски одигра за „десетка“, младите стружани подобри од Мулти Есенс

205

Еден од играчите кои привлекуваат големо внимание во младинските категории – Војо Клењоски ја предводеше екипата на Струга до победата против Мулти Есенс во пионерската лига.

Стружани триумфираа со 18:14, а Клењоски, кој може да одигра како десен бек и десно крило, беше предводник во победата на домаќините со десет постигнати погодоци, четири додаде Давор Ферукоски, Борјан Домазетоски имаше две реализации, а по еднаш погодија Јордан и Марко Танаскоски. Кај гостинскиот тим се истакна Максим Тотиќ со пет реализации.

За Струга ова беше шеста победа во пионерската конкуренција и со освоените два бода се задржа на втората позиција во групата А.

Во среда ќе биде комплетирано 9. коло со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и бранителот на титулата Охрид, а натпреварите од пионерската лига ќе продолжат следната година, односно кон крајот на месец февруари.

Пионерска машка лига, 9. коло, резултати:
Група А
Бутел – Прилеп 20:30 (8:11)
Динг – Пролет 20:11(5:1)
Струга – Мулти Есенс 18:14 (10:5)
19/11, 17:30, Еурофарм Пелистер – Охрид
Вардар – слоб.
Група Б
Алкалоид – Гемиџии 28:19 (14:6)
Младост – Радовиш 26:12 (15:4)
Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров 26:21 (16:11)
Шампион – Куманово 4:37 (3:18)

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT