Младинците на Еурофарм Пелистер 2, исто како и бранителот на титулата – Мулти Есенс, продолжуваат без пораз, откако во натпревар од 8. коло славеа над Алкалоид со 35:27.
Во тимот предводен од Васко Димитровски најефикасен беше Стефан Лазаревски со десет погодоци, седум постигна Алдин Фехми, четири додадоа Александар Славков и Иван Велески.
Голманите Мелин Фехми и Иван Младенов беа солидни, и двајцата натпреварот го завршија со по осум интервенции.
Кај Алкалоид, Иван Мирчевски беше прв стрелец со шест погодоци, по пет имаа Виктор Панчевски и Антонио Наковски.
Младинска мапка лига, 8. коло, резултати:
Бутел – Еурофарм Пелистер 35:28 (17:12)
Вардар – Пролет 32:42 (15:17)
Вардар Неготино – Мулти Есенс 18:54 (4:21)
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 35:27 (21:10)
17/11, 20:00, Куманово – Тиквеш