Екипата на Холабрун, која е предводена од Влатко Митков, а во која настапуваат Хари Павлов, Филип Арсеновски и поранешните членови на Охрид, Гал Цирар и Рудолф Сафранко, се израдува на првата сезонска победа.
Во натпревар од 9. коло од најквалитетното натпреварување во Австрија, тимот на Холабрун го пречека Грац и со одличен втор дел славеше со 38:27 (17:18).
Десното крило Цирар блесна со дури 16 погодоци и беше најзаслужен за победата, а свој придонес дадоа и Павлов и Арсеновски, кои постигнаа по шест погодоци, додека Сафранко заврши со пет реализации.
Холабрун пред овој дуел на своето конто имаше два бода – освоени со ремито против Линц и Алпла Хард.