Ни легендарната Лунде не беше доволна: Црвена Ѕвезда го заврши европскиот настап

49

Легендарната норвешка голманка Катрин Лунде, која во својата богата кариера има освоено сè што може да се освои, летово го засили српскиот шампион Црвена Ѕвезда, но тоа не беше доволно нејзиниот нов клуб да направи исчекор на европска сцена.

Клубот од Белград пред неколку дена го заврши настапот во Европа, откако не успеа да избори место во главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

Лунде и соиграчките беа елиминирани од унгарскиот Естергом, загубија на двата натпревари (29:28, 27:24), па така црвено-белите сега ќе се посветат само надомашните обврски. Лунде на првиот дуел имаше 13, а на реваншот 11 интерврнции.

Ракометарките на Црвена Ѕвезда стартуваа од 2. коло во Лигата на Европа и на двапати беа подобри од швајцарскиот Споно.

Црвена Ѕвезда пред неколку сезони најави дека има аспирации да стане дел од европскиот крем, слично како што тоа го направи ЖРК Вардар во 2011 година, но по сè изгледа дека ќе биде потребно уште многу време за да се остварат најавените амбиции на српскиот клуб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT