Со натпреварот меѓу Куманово и Тиквеш беше комплетирано 8. коло во младинската машка лига, а по осум одиграни натпревари екипите на Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 имаат 100% учинок.
На дуелот во Куманово домаќините предводени од одличните Тино Стојановски, Христијан Вујичевски и Владимир Мицевски триумфираа против кавадарчани со три гола разлика, 38:35. Иако Тиквеш до последната минута беше во игра барем за реми, сепак грешките си го направија своето, па Куманово се израдува на четвртата сезонска победа.
Тино Стојановски со 13 погодоци беше најефикасен на натпреварот, девет постигна Христијан Вујичевски, а седум додаде Владимир Мицевски. Кај Тиквеш, Зоран Наумов и Димитриј Ангелов реализираа по десет пати.
На победа во 8. коло се израдуваа и Бутел, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и бранителот на титулата, тимот на Мулти Есенс.
Машка младинска лига, 8. коло, резултати:
Бутел – Еурофарм Пелистер 35:28 (17:12)
Марко Каевски 12, Архангел Трсунов 6, Давид Јаневски 5/Павел Вељановски 7, Јован Симоновски 6
Вардар – Пролет 32:42 (15:17)
Иван Ќурчиев 7, Огнен Тасевски 5, Христијан Ристов 5/Лука Јовиќ 9, Давор Крстески 6, Марко Ѓорѓески 5
Вардар Неготино – Мулти Есенс 18:54 (4:21)
Јован Јовановски 9, Петар Велков 6/Матеј Тевдовски 10, Марко Ковачевиќ 9, Бојан Поповски и Стефан Ѓоргиевски 8
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 35:27 (21:10)
Стефан Лазаревски 10, Алдин Фехми 7/Иван Мирчевски 6, Антонио Наковски 5
Куманово – Тиквеш 38:35 (22:17)
Тино Стојановски 13, Христијан Вујичевски 9, Владимир Мицевски 7/Зоран Наумов и Димитриј Ангелов 10
ТАБЕЛА
