Горан Крстевски со одлична партија во дресот на Нес Зиона

90

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски, кој пред неколку недели потпиша за Нес Зиона, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Израел.

Во натпревар од 9. коло, тимот на Нес Зиона за ривал го имаше Хапоел Кирјат и успеа да триумфира со три гола разлика, 32:29.

Голема заслуга за втората сезонска победа на тимот имаше токму Крстевски, кој натпреварот го заврши со осум погодоци, а зад своето име запиша и две асистенции.

Ресенчанецот во претходното коло, против Беер Шева, постигна четири погодоци.

Нес Зиона по девет одиграни натпревари се наоѓа на 8. позиција со 5 бода, но и понатму има шанси за голем прогрес.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT