Ракометарите на Преспа во натпревар од 11. коло од прволигашката конкуренција целосно го надиграа Овче Поле со 31:26 (18:12) забележувајќи ја втората победа сезонава.
Освен почетните 1:1, сè друго беше на страната на домаќинот, додека гостите од Свети Николе никако не можеа да заиграат според посакуваното.
Домаќините во победата предводени од Христијан Ристевски, кој натпреварот го заврши со 15 погодоци. Свој придонес во освоените два бода дадоа и Никола Тасевски (5), Мартин Табаковски (4) и Наум Бумбаровски (4).
Кај Овче Поле се истакна Кирил Буровски со десет реализации.
Прва машка лига, 11. коло, резултати:
Преспа – Овче Поле 31:26 (18:12)
Драчево Јуниор – Јехона 40:29 (19:14)
22/11, 20:00, Партизан – Вардар Неготино
23/11, 13:00, Текстилец – Мулти Есенс
23/11, 15:00, Шампион – Младост
23/11, 17:30, Аеродром – Кичево