Младинците на Тиквеш во натпревар од 9. коло на младинската лига славеа пред својата публика против Вардар со четири гола разлика, 32:28 (16:12)
За кавадарчани ова беше трета сезонска победа, додека скопскиот тим останува на една победа, односно два бода на своето конто.
На денешниот натпревар одлични во победничката екипа беа Мики Лазов со десет и Зоран Наумов со осум погодоци, додека кај гостите се истакна Огнен Тасевски, кој во мрежата на домашниот тим имаше девет успешни реализации.
Следниот викенд ќе заврши првиот дел од сезоната кај младинците. Тиквеш во 10. коло ќе биде домаќин на Вардар Неготино и ќе се обиде да дојде до втора победа во низа. Вардарци пак ги очекува уште едно тешко гостување – кај Куманово.