Младинците на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 9. коло се соочија со актуелниот бранител на титулата во младинската лига, тимот на Мулти Есенс, и успеаја да триумфираат со два гола разлика, 31:29.
За скопскиот состав ова беше прв сезонски пораз, додека избраниците на Васко Димитровски продолжуваат со максимален ефект, имаат девет од девет.
Дуелот во Автокоманда беше крајно неизвесен, двете екипи имаа свои моменти, а домаќинот, со исклучок на првите минути, постојано беше во предност во првото полувреме и на пауза замина со плус еден, 15:14.
И во вториот дел имаше голема борба, секој напад беше важен, а во последните две минути се влезе со нерешени 29:29. Бекот Фехми реализираше за 30:29, по што домаќините имаа шанса од пенал да израмнат, но Иван Младенов го одбрани ударот на Стефан Ѓоргиевски. Ракометарите на Мулти Есенс прокоцкаа уште една можност за израмнување, па на спротивната страна токму Фехми со својот осми гол ја потврди победата на битолчани.
Покрај Алдин Фехми, во нападот на гостите се истакна и Лука Ѓоргиевски со седум погодоци, додека Стефан Лазаревски заврши со пет реализации. Кај домаќините, кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски беше најефикасен со седум погодоци.
Младинска машка лига, 9. коло, резултати:
Тиквеш – Вардар 32:28 (16:12)
Мики Лазов 10/ Зоран Наумов 8/Огнен Тасевски 9
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 29:31 (15:14)
Бобан Поповски 7/Алдин Фехми 8, Лука Ѓоргиевски 7, Стефан Лазаревски 5
Пролет – Вардар Неготино 54:26 (24:10)
Давор Крстески и Димитар Симовски 7, Огнен Александров 6/Јован Јовановски 11
Еурофарм Пелистер – Куманово 30:27 (12:12)
Тео Спировски 8, Стефан Василевски 6, Андреј Георгиев 6/Тино Стојановски 12
24/11, 20:30, Алкалоид – Бутел