Вајлупов и Ламбросо пред потпис со Вардар

115

Според информациите на „RTH Handball“, десното крило Никита Вајлупов и средниот бек Јоав Ламбросо би можеле да заиграат во редовите на македонскиот вицешампион Вардар.

Белорускиот репрезентативец Вајлупов моментално тренира со екипата на Војводина, а сезоната ја започна во редовите на Бенфика.

Тој три сезони беше дел од унгарскиот гигант Веспрем, исто толку настапуваше и за Мешков Брест, додека до сезона 2018/19 играше за СКА Минск.

Ламбросо е еден од најдобрите израелски репрезентативци, оваа сезона е дел од романскиот шампион Динамо Букурешт, а претходно ги бранеше боите на Бенфика, Ајзенах, Лимож…

Освен овие два квалитетни ракометари, пред потпис со Вардар е и бразилскиот репрезентативец Да Силва.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RThandball official (@rthandball)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT