Ракометарките на Деспина во натпревар од 10. коло во Првата лига славеа над младиот тим на Јехона со 22:11 (11:4).
Најефикасна во победничкиот табор беше Анастасија Јованоска со десет погодоци, Матеа Христоска постигна пет, а Маја Ристеска заврши со четири погодоци.
Кај Јехона, талентираната Алтина Хасани беше прво име со шест реализации.
За Деспина ова беше петта сезонска победа и со денешниот триумф стигна до 10 бодови на своето конто. Исто толку има и Овче Поле Славјански Универзитет, кој има и натпревар помалку, на второто место е Ѓорче Петров 2 со 12, додека актуелниот лидер Атлетик има 16 бодови.
Прва женска лига, 10. коло, резултати:
Деспина – Јехона 25:11 (11:4)
Ѓорче Петров 2 – Атлетик 20:28 (10:12)
Шампион – Овче Поле Славјански Универзитет
Стружанка – слоб.