Овој викенд на програмата се натпреварите од 14. коло во суперлигашката конкуренција, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат две големи пресметки.
Првото дерби е веќе утре во Охрид, каде амбициозниот тим на Борис Ројевиќ ќе му се спротивстави на лидерот Вардар, кој во досегашниот дел од сезоната нема загубено бод.
Судии за дуелот покрај езерото ќе бидат браќата Михајло и Методија Илиевски, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчевски.
Во второто дерби од „големата четворка“, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека Алкалоид и како и на секој дерби дуел, така и овојпат пелистерци ќе имаат голема поддршка од трибините во салата „Боро Чурлевски“.
Правдата во Битола ќе ја делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а делегати ќе бидат Душко Камишевски и Славчо Каланоски.
Супер лига, 14. коло, распоред:
29/11, 17:00, Тиквеш – Струга
Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари
Делегат: Васил Чавдаров
29/11, 17:30, Радовиш – Пролет
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Делегат: Камер Металари
29/11, 18:00, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Делегат: Владимир Саздовски
29/11, 18:30, Прилеп – Бутел Скопје
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Делегат: Ацо Николовски
29/11, 19:30, Охрид – Вардар
Судии: Михајло и Методија Илиевски
Делегат: Марјан Начевски/Лери Мирчевски
30/11, 19:30, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Делегат: Душко Камишевски/Славчо Каланоски
ТАБЕЛА
