Двајца играчи на Тиквеш со репрезентативен повик пред ЕП

554

Двајцата играчи на македонскиот суперлигаш Тиквеш, десното крило Балша Цејовиќ и кружниот напаѓач Гиорги Гришикашвили, добија репрезентативни повици.

Цејовиќ се најде на поширокиот список од 35 ракометари на црногорскиот селектор Дидие Динар пред Европското првенство 2026, додека кружниот напаѓач Гришикашвили е дел од проширениот список кај селекторот на Грузија и поранешен член на Вардар, Тите Каланадзе.

На списокот од 35 играчи на Каланадзе се најде и братот на Гиорги, Давид Гришикашвили од Бутел Скопје, како и членот на Охрид и еден од најдобрите грузиски репрезентативци Теимураз Орјоникидзе, кој се опоравува од повреда.

Европското првенство 2026 ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Црногорците во групната фаза ќе се соочат со Словенија, Швајцарија и незгодната селекција на Фарските Острови.

Грузија, која на минатото Европско првенство го имаше својот дебитантски настап на едно големо натпреварување, ќе игра против Шведска, Хрватска и Холандија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT