Овој викенд ќе се одиграат два од трите натпревари од 11. коло во Првата ракометна лига во женска конкуренција.
Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет пред својата публика ќе атакува на седма сезонска победа, а ривал на избраничките на Илија Бетувски ќе биде младиот состав на гостиварска Јехона.
Клубот од Свети Николе моментално има 12 бода на своето конто, исто колку што има и Ѓорче Петров 2, додека актуелниот лидер Атлетик е на максимум, има осум од осум, односно 16 бода.
Дуелот меѓу Овче Поле Славјански Универзитет и Јехона ќе се одигра на 7 декември (недела) од 18:30 часот во спортската сала „Цар Самоил“.
Прилепска Деспина ја очекува тешко гостување кај Ѓорче Петров 2, а 11. коло ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Атлетик и Стружанка.
Прва женска лига, 11. коло, распоред:
06/12, 14:00, Ѓорче Петров 2 – Деспина
07/12, 18:30, Овче Поле Славјански Универзитет – Јехона
11/12, 17:30, Атлетик – Стружанка
Шампион – слоб.
ТАБЕЛА
