„Лавовите“ со сладок триумф среде Неготино

95

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров приредија изненадување на гостувањето кај Вардар Неготино, триумфирајќи со 32:31 (19:20) во натпревар од 13. коло од Првата лига.

Неготинци, кои до овој меч имаа три порази, значително си ги намалија шансите за евентуално освојување на второто место на табелата.

За избраниците на Димитриоски ова беше седма сезонска победа и со освоените два бода остануваат во игра за висок пласман.

Предводник на победата на гостите беше Бојан Чакалиќ со десет погодоци, по пет имааа Михаел Тотиќ и Владо Ристески, а четири додаде Стефан Нацев.

Во таборот на Котевски, искусниот Мице Шилегов беше најефикасен со седум гола.

Прва машка лига, 13. коло, резултати:
Преспа – Младост 26:42 (14:22)
Аеродром – Јехона 34:30 (17:14)
Вардар Неготино – Македонија Ѓорче Петров
Драчево Јуниор – Мулти Есенс – во тек
07/12, 16:00, Партизан – Овче Поле
07/12, 19:00, Шампион – Текстилец
Кичево – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT