Џигероски со „12-ка“, Мулти Есенс освои важни бодови кај Драчево Јуниор

24

Младиот тим на Мулти Есенс оствари важна победа во прволигашката конкуренција, совладувајќи го Драчево Јуниор со 31:25 во натпревар од 13. коло. Поранешниот суперлигаш со новите два бода се зацврсти на втората позиција на табелата, сега има 22 бода, додека лидерот и есенски шампион Младост од Богданци има 24.

Втората позиција носи суперлигашки бараж, додека првопласираниот обезбедува директен пласман во најквалитетното домашно натпреварување. Во следното 14. коло, кое ќе биде последно за есенскиот дел, ракометарите на Мулти Есенс пред својата публика ќе играат против Македонија Ѓорче Петров.

Денешниот дуел во голема мера мина во знакот на гостите, и покрај повремените добри моменти на домаќините. Одличен натпревар одигра Немања Џигероски, средниот бек беше нерешлива енигма за домашниот тим и мечот го заврши со 12 погодоци, имаше 100% реализација од пенал (4/4). Христијан Гурмешевиќ со шест погодоци беше втор стрелец за гостите, а Бобан Поповски додаде пет.

Кај домаќините најдобар стрелец беше Филип Петровски со осум погодоци.

Прва машка лига, 13. коло, резултати:
Преспа – Младост 25:42 (14:22)
Христијан Ристевски 10/Даниел Андоновски 15
Аеродром – Јехона 34:30 (17:14)
Бојан Поповски 9, Матеј Марковски 8/Адис Салиу 11
Вардар Неготино – Македонија Ѓорче Петров 31:32 (20:19)
Мице Шилегов 7/Бојан Чакалиќ 10
Драчево Јуниор – Мулти Есенс 25:31 (13:16)
Филип Петровски 8/Немања Џигероски 12
07/12, 16:00, Партизан – Овче Поле
07/12, 19:00, Шампион – Текстилец
Кичево – слоб.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT