Дански клуб „краде“ шведски бисер за 20.000 евра

72

Амбициозниот дански проект ХОЈ не запира со трансфер активностите и е на добар пат да го донесе еден од најперспективните шведски ракометари, средниот бек Аксел Мансон.

Се работи за ракометар на Кристијанштад, клуб кој беше ривал на македонскиот вицешампион Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, а 20-годишниот Швеѓанец важи за еден од најголемите скандинавски таленти.

Според данските медиуми, Мансон по завршувањето на сезоната ќе го носи дресот на ХОЈ, иако интерес за неговите услуги покажале уште неколку дански клубови.

Трансферот е можен благодарение на клаузулата во договорот со Кристијанштад, која му овозможува да биде откупен за сума меѓу 15.000 и 20.000 евра.

Мансон на Светското младинско првенство 2025 беше прогласен за најдобар среден бек, а во моментов е трет стрелец во Лигата на Европа со 51 погодок. Големиот талент неодамна го имаше и своето деби за сениорската репрезентација на Шведска.

Следната сезона во ХОЈ ќе играат и Ласе Андерсон и Јаник Грин, кои ќе им се приклучат на Ханс Линдберг, Михаел Дамгард, Хампус Ване, Емил Имсгард…

ХОЈ се наоѓа на 8. позиција на табелата во данското првенство, но со вакви потези јасно е дека амбициите на клубот и водечките луѓе се насочени кон самиот врв.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT