Македонскиот вицепрвак Вардар е еден од клубовите што покажале интерес за ангажирање на левиот бек Леон Лјевар, пишува словенечки „Handballia“.
Станува збор за 24-годишен ракометар од Ријека, кој моментално настапува во словенечката лига, поточно во амбициозниот проект на Слован.
Хрватот имаше одлични настапи во групната фаза од Лигата на Европа, на пет натпревари постигна вкупно 44 погодоци, што е импресивна статистика, иако неговиот Слован не успеа да обезбеди пласман во ТОП 16.
Покрај Вардар, интерес за Лјевар покажал и Загреб, како и европскиот гигант ПСЖ, кој не игра според посакуваното на меѓународната сцена.
Дали Хрватот ќе го засили Вардар следното лето, останува да видиме.