Овој викенд ќе се одигра 12. коло од Првата лига во женска конкуренција, а тимот на Овче Поле Славјански Универзитет на гостувањето во Прилеп кај Деспина ќе атакува на осма сезонска победа.
На првата меѓусебна пресметка сезонава триумфираше клубот од Свети Николе со 12 гола разлика, 33:21. Помошниот тренер на Овче Поле Славјански Универзитет, Давид Конев, гледа со респект кон Деспина и се надева дека неговиот клуб ќе си замине победнички од Прилеп.
„Екипата на Деспина е сериозен противник, имаат добра екипа предводена од искусната Гичева и играат пред своја публика, што претставува дополнителен мотив да го прикажат најдоброто од нивна страна. Нашите девојки вредно работат на тренинзите и сериозно се подготвуваме за овој натпревар. Доколку ги спроведат нашите препораки на дело, се надевам дека ќе се вратиме во Свети Николе со освоени уште два бода. Нашата екипа е составена од млади, квалитетни играчи кои можат да се носат со секој противник. Задоволен сум од досегашниот пласман, но можеби ни недостасуваше малку и спортска среќа за да имаме уште некој бод, но имаме време за докажување напролет“.
Натпреварот меѓу Деспина и Овче Поле Славјански Универзитет ќе се одигра утре (13 декември) со почеток од 14:15 часот во спортската сала „Ристе Ристески Ричко“.
Прва женска лига, 12. коло, распоред:
13/12, 14:15, Деспина – Овче Поле Славјански Универзитет
14/12, 12:00, Шампион – Атлетик
14/12, 13:00, Стружанка – Ѓорче Петров 2
Јехона – слоб.
ТАБЕЛА
