Екипата на Тиквеш освои два важни бода, откако славеше против еден од конкурентите за плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2, со 27:26 (12:15) во натпревар од 17. коло од Супер лигата.
Избраниците на Кристијан Грчевски имаа минус четири на 13 минути пред крајот, 22:18, но не се предаваа, се вратија во игра и со малку повеќе среќа во финишот успеаја да слават.
Тиквеш сега има 18 бода, исто колку што има и Бутел Скопје, на 7. позиција е Прилеп со 16, а младите битолчани останаа на 15 бода.
Битолчани имаа напад за реми во последните секунди, но бекот Митревски направи пробивање, па можеше да започне славјето на домаќините.
Најефикасен во победничкиот табор беше Петар Цветковски со осум погодоци, а солиден на голот беше Василије Пецурица, кој успеа да сопре десет удари на гостите.
Кај Еурофарм Пелистер 2, Христијан Митревски ги предводеше стрелците со осум погодоци.