Уште еден странец си замина од Супер лигата, утре завршува есенскиот дел кај прволигашите!

480

Екипата на Куманово во преостанатиот дел од натпреварувачката сезона нема да смета на средниот бек Лука Матачиќ. Хрватскиот ракометар и управата на клубот се договорија спогодбено да ја прекинат соработката. Освен Матачиќ, од клубот си замина и Бразилецот Гиљерме да Силва Фернандес, кој кариерата ќе ја продолжи на Косово. Суперлигашот во моментов располага со тројца странски ракометари -Габриел Гуедеш, Огњен Радојичиќ и Армандо Мартинез.

Со утрешниот натпревар меѓу Мулти Есенс и Македонија Ѓорче Петров ќе биде комплетирано 14. коло, кое воедно е и последно за оваа календарска година во прволигашката конкуренција. Победи во 14. коло, покрај Партизан Гевгелија и Вардар Неготино, остварија и екипите на Јехона, Драчево Јуниор и Аеродром. Во ова коло слободен беше лидерот Младост, кој есенскиот дел го заврши без пораз, односно без загубен бод.

Прва лига, мажи, 14. коло, резултати:
Шампион – Драчево Јуниор 26:43 (12:22)
Аеродром – Текстилец 37:32 (20:15)
Партизан – Кичево 44:26 (25:11)
Преспа – Јехона 23:25 (11:13)
Вардар Неготино – Овче Поле 43:34 (23:15)
Младост – слоб.

Во организација на ГРК Тиквеш се одржа ракометен турнир во категорија помлади пионери. Домаќинот го освои првото место, Прилеп заврши на втората позиција, Радовиш беше трет, додека Куманово го освои четвртото место. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Никола Биков од редовите на домаќинот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT