Адис Салиу најдобар стрелец во Првата лига

140

По 13 одиграни кола во прволигашката конкуренција, односно со завршувањето на есенскиот дел, екипата на Јехона го има најдобриот стрелец во лигата.

Станува збор за искусниот Адис Салиу, кој на 13 натпревари постигна 120 погодоци. По него следуваат Јован Атанасовски (Текстилец) со 112, Даниел Андоновски (Младост) со 105, Филип Џинес (Текстилец) со 103 и Давид Јовчевски (Шампион) со 100 погодоци.

Мице Шилегов (Вардар Неготино) и Илија Пејковски (Партизан Гевгелија) имаат по 97 погодоци, додека Горан Лисичков (Партизан Гевгелија) и Христијан Ристевски (Преспа) зад себе имаат по 86 реализации. Илија Димов од Овче Поле го зазема десеттото место на листата на стрелци со 80 погодоци.

Натпреварите од Првата лига ќе продолжат по паузата – кон средината на месец февруари.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT