Во периодот од 15 јануари до 1 февруари ќе се одржи Европското ракометно првенство, чии ко-организатори се Данска, Норвешка и Шведска
Олимпискиот вицепрвак Германија во групната фаза ќе игра против репрезентациите на Шпанија, Австрија и незгодната Србија, а селекторот на „панцирите“, Алфред Гисласон, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за континенталниот собир.
Меѓу 18-те имиња не се најде левото крило Тим Фрајхофер, кој игра одлично во дресот на Фуксе Берлин. 23-годишниот ракометар изјави дека е разочаран, но ја прифаќа одлуката на селекторот.
„Секако дека сум разочаран. Се надевав дека ќе влезам во скратениот состав, но го прифаќам тоа, бидејќи сум спортист. Руне Дамке и Лукас Мертенс се неверојатно добри крилни играчи, списокот е веќе подготвен, па затоа им посакувам сè најдобро на Европското првенство“, изјави Фрајхофер.
