Во натпревар од 14. коло од младинската машка лига се сретнаа екипите на Тиквеш и Алкалоид, а на одиграниот натпревар во спортската сала „Јасмин“ беа постигнати вкупно 83 гола.
Гостите ги освоија бодовите со победа од 43:40, додека домаќините можат да жалат за пропуштената шанса да освојат барем бод.
Алкалоид на полувремето замина со предност од 22:19, а во вториот дел, сè до 45. минута, водеше со четири до пет гола разлика, во два наврати имаше и плус шест (30:24, 31:25).
Сепак, домаќините не се предаваа и успеаја да се вратат во игра. На три минути пред крајот резултатот беше нерешен, 39:39. Гостите со серија од 3-0 се одлепија на 42:39, по што немаше доволно време за Тиквеш да направи нешто повеќе.
Предводник во победничката екипа беше Антонио Наковски со 11 погодоци, два помалку имаше Теодор Пецаноски.
Најефикасен кај Тиквеш беше Матеј Петрески со 10 погодоци, додека по седум постигнаа Мики Лазов, Мартин Тодоров и Димитриј Ангелов.
Машка младинска лига, 14. коло, резултати:
Тиквеш – Алкалоид 40:43 (19:22)
Вардар – Еурофарм Пелистер 25:30 (8:14)
Вардар Неготино – Бутел 29:43 (13:20)
Пролет – Мулти Есенс 31:33 (12:15)
22/12, 15:30, Куманово – Еурофарм Пелистер 2
14. коло, кое е последно за 2025, ќе биде комплетирано со денешниот натпревар меѓу Куманово и Еурофарм Пелистер 2.
ТАБЕЛА
